Достапни линкови

Нигериецот обвинет за терористички напад на авион


Фарук Абдулмуталаб 23 годишен нигериец е обвинет за обид за терористички напад на авион во САД, соопштија американските власти. Обвинетиот се наоѓа во болница во Мичиген, поради изгорениците кои ги добил кога сакал да го активира експлозивот кој се наоѓал на неговото тело. Тој вчера на летот од Амстредам кон Детроит беше совладан од патниците и екипажот пред да ја активира експлозивната направа, додека авионот се приближувал до аеродромот во Детроит.
XS
SM
MD
LG