Достапни линкови

Улици без имиња на бранителите


Улици за загинатите бранители од Битола

Улици за загинатите бранители од Битола

Именувањето на повеќе битолски улици кои досега немаа имиња ги разбранува страстите во општинскиот Совет. Партиите во дилема меѓу имињата на странски научници и општествени работници и бранителите од конфликтот 2001

Именувањето на повеќе битолски улици кои досега немаа имиња ги разбранува страстите во општинскиот Совет. Одделението за комунални дејности при општината излезе со предлог некои од улиците да носат имиња на истакнати странски научници и општествени работници. На ова реагираше опозицијата критикувајќи дека не е во ред да се ставаат имиња на туѓинци, кога во градот се уште нема улица која го носи името на бранителите кои загинаа за конфликот од 2001 година.
Нема што тука Марија Кири да има првенство пред бранителите од Битола


„Не направивме што не направивме споменик на бранителите иако советниците еднаш донесоа одлука за да се гради споменик за нив. Сега имаме имиња на улици на пример, го имаме името на Дончо Штипјанчето, имаме улица со Марија Кири или со Јуриј Штросмаер, а немаме улици на Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски, Пеце, Влатко и Благојче. На наредна седница оваа одлука барам да се измени. Нема што тука Марија Кири да има првенство пред бранителите од Битола“

изјави советникот од ЛДП, Горан Милевски.

Тој ја искритикува претседателката на Советот, Лилјана Кузмановска, дека името на еден од бранителите се планира да се постави на уличка во предградието.

„Во сто и прва сте му дале на пример улица на Илче Стојановски. Јас предупредувам за крајно несериозниот однос што го има ВМРО-ДПМНЕ спрема бранителите од 2001 година од Битола кои го дале својот живот за Македонија“-

обвини Милевски.

Ваков однос според него локалната власт има и за значајни личности од периодот на социјализмот.

„Соодветно ли е чикмак да му се даде на Методија Андонов Ченто, на првиот претседател на независна Македонија? Во Стрчин чикмак да му дадете, значи првиот претседател заслужил чикмак да има според одлуката ваша?“

праша советникот.

Престедателката на Советот, Кузмановска, демантира дека имаат несериозен однос кон бранителите и други истакнати личности од македонската историја.

-„Родителите на бранителите бараат на некои повидни места да се стават имињата, а не на споредни. Ние не ги донесовме предлозите туку Комисијата за јавни комунални дејности и стручен тим. Ако мислиме дека крајно не е ќе го измениме и тоа, ќе се усогласиме“

вети Кузмановска.

Имињата на улиците и претходно ги разгоруваа страстите меѓу власта и опозицијата во Битола. Веќе подолго време се зборува за смена на името на главната улица Маршал Тито, како и на гимназијата Јосип Броз, но засега промени на овие значајни локации и објекти нема.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG