Достапни линкови

Прогноза за времето- облачно и магливо


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со појава на магла по котлините и по речните долини. Локално ќе има слаби врнежи од дожд и дожд и снег на повисоките места. Повремено ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура е во интервал од минус осум до минус еден, а дневната ќе биде од нула до осум степени. Во Скопје ќе биде облачно со појава на магла. Попладне ќе има услови за слаб дожд. Утринската температура се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до вториот степен.
XS
SM
MD
LG