Достапни линкови

Камбоџа ќе протера 20 ујгури


Камбоџа соопшти дека ќе протера дваесетина припадници на кинеското муслиманско малцинство ујгури кои побегнале во таа земја по етничките безредија во јули годинава во регионот Ксинџијанг. Се уште не е јасно каде тие ќе бидат протерани. Високиот комесаријат за бегалци побара од Камбоџа да не ги враќа ујгурите во Кина. Според кинеската влада, во етничките немири меѓу ујгурите и хан кинезите загинале скоро 200 луѓе.
XS
SM
MD
LG