Достапни линкови

Од денеска без шенген визи за Европа


Со музички хепенинг синоќа на плоштадот Македонија беше прославена визната либерализација за македонските граѓани, која стапи во сила на полноќ. Ослободувањето од визниот режим важи за лицата што поседуваат биометриски пасоши, а тие што имаат стари пасоши и натаму ќе мора да вадат шенген виза. Ќе може да се патува во 25 земји на Европската унија и во уште три европски земји: Норвешка, Швајцарија и Исланд. Исклучок се Британија и Ирска. Стартот на безвизниот режим, денеска ќе го одбележат и претседателите на Македонија и на Бугарија, Ѓорге Иванов и Георги Прванов, со симболично заедничко кревање на граничната рампа. Во организација на владата пак, над стотина граѓани првиот ден од визната либерализација ќе го минат во Париз. Од денеска без визи за Европа ќе можат да патуваат и граѓаните на Србија и на Црна Гора.
XS
SM
MD
LG