Достапни линкови

Oпозицијата застапува грчки интереси


Премиерите на Македонија и Грција

Премиерите на Македонија и Грција

Вака премиерот Груевски ја коментираше изјавата на лидерот на најголемата опозициона партија, Бранко Црвенковски дека македонскиот дел од вината за неуспехот на состанокот на министрите лежи кај Премиерот Груевски. Од друга страна експертите не можат да препознаат ниту план ниту конкретна стратегија и јасно дефинирани позиции што понатаму.

Опозицијата ги застапува грчките позиции доколку вината за исходот од Брисел ја лоцира кај македонските власти. Вака премиерот Груевски ја коментираше изјавата на лидерот на најголемата опозициона партија, Бранко Црвенковски дека македонскиот дел од вината за неуспехот на состанокот на министрите лежи кај Премиерот Груевски.
Она што во Грција е обратен процес во кој опозицијата ја подржува власта во борбата за грчките позиции, кај нас е обратно


„Она што во Грција е обратен процес во кој опозицијата ја подржува власта во борбата за грчките позиции, кај нас е обратно“.

изјави Груевски.

Евроамбасадорот Ерван Фуере вчера порача –многу е важно во ова време да се изгради широк консензус меѓу сите
Амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере
политички партии зошто времето не е на страната на Македнија и треба што побрзо да се изнајде решение за спорот за името. Со ваквите изјави на Фуере но и на други странски дипломати во земјава тие сакаат да поттикнат консензус, коментираат ексопертите, од друга страна според нив станува збор за прашање кое не носи полуларни одлуки кои би им се допаднале на граѓаните па во овој момент не можат ниту да се препознаат некакви конкретни планови и јасна стратегија што понатаму.

Оттука, во моментов Македеонија нема голем избор освен јавно да обзнани некоја позиција и да лобира за неа во ЕУ и во НАТО вели аналитичарот Жидас Даскаловски.
Обичните граѓани, па и аналитичарите, не можат да видат дека се прават конкретни чекори за изнаоѓање решение во спорот со Грција

,,Европската унија по принцип на солидарност ќе се потруди на некој начин да изврши притисок Македонија на некој начин да попушти во спорот. А владата нема конкретен план како ќе постапи во наредните шест месеци и за жал не верувам дека нешто битно ќе се промени“

Државниот врв мора сериозно да ја сфати пораката од заклучокот на Советот на министрите, порачува аналитичарот Махи Несими, зошто со ова темпо со кое до сега му се приоѓа на проблемот тој не може да се реши ниту во наредните шест месеци. Тоа е кус период на кој нема да му одат во прилог ниту економските проблеми на Грција ниту најавите од страна на медијаторот дека тој нема да го форсира процесот па во скоро време и не планира нови потези во врска со тоа, вели Несими кој не препознава чекори на македонска стрна кои укажуваат на тоа дека периодот од шест месеци во кој е поставена временската рамка за надминување на спорот ќе се искористи.

,,Обичните граѓани, па и аналитичарите не можат да речат дека се прават чекори кон изнаоѓање на решение“

Освен изјавите дека со ултиматуми и ицени нема простор за преговарање, од Владата нема најави за понатамошните чекори. Грчката страна пак ја заострува ретроиката. Ќе ја браниме нациналната црвена линија во однос на името ерга омнес бидејќи тоа е нашата сила во преговорите, вели во последната изјава заменик министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас. Грција е подготвена на билатерални контакти, но нема намера да ја менува рамката на преговорите. Друцас порача и дека иднината на Македонија е во рацете на македонскиот премиер, да ја обезбеди или да ја спречи европската иднина на земјата.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG