Достапни линкови

Една година Еулекс


Денеска се навршува една година од доаѓањето на мисијата Еулекс на Косово. По тој повод, шефот на мисијата Ив де Кермабон ќе се сретне со претседателот и премиерот на Косово Фатмир Сејдиу и Хашим Тачи. Цивилната мисија на Европската Унија почна да се распоредува пред точно една година, а целосно функционална е од април годинава. Со околу три илјади вработени, заедно со локалните партнери, Еулекс делува во секторите на правосудството, полицијата и царината.
XS
SM
MD
LG