Достапни линкови

logo-print

Десетици загинати во Равалпинди


Бомбаши самоубијци нападнаа џамија во близина на пакистанскиот армиски штаб во Равалпинди за време на петочната молитва при што убија и ранија десетици лица. Напаѓачите најпрвин стрелале врз верниците а потоа и се разнесле со гранати. Според министерот за внатрешни работи Рехман Малик, најмалку 30 лица загинале, а десетици се ранети. Според други официјални преставници, бројот на жртвите изнесува 40. Равалпинди е неколку километри од Исламабад и е мета на напади и покрај владината кампања против исламските милитанти во граничните подрачја со Авганистан.
XS
SM
MD
LG