Достапни линкови

logo-print

Србија ја поддржува Грција во спорот со Македонија


Србија го поддржува ставот на Грција во спорот за името на Македонија. Ова, како што јавуваат српските медиуми, го порачал српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ по вчерашната средба во Белград со вршителот на должноста министер за надворешни работи на Грција Димитрис Друцас. Според Јеремиќ, грчкиот став бил разумен, урамнотежен и рационален. Друцас во рамките на балканската турнеја ќе ги посети уште Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија.
XS
SM
MD
LG