Достапни линкови

ЕУ бара владата да преговара со Грција


ЕУ во соопштение ја повикува Владата да ги искористи следните неколку недели за да го реши спорот со името. Од Американската амбасада пак, сметаат дека македонската влада е посветена на изнаоѓање на решение.

Со оглед на тоа што затворашето на прашањето за името е од огромен интерес за Македонија, сметаме дека Владата мора да ги искористи следните неколку недели за да го реши спорот со името со Грција, соопштија денеска од канцеларијата на Европската Унија. Од таму за Радио Слободна Европа велат дека се уверени дека може да се најде компромис за прашањето со името.
од Aмериканската Амбасада соопштуваат дека САД ги подржуваат напорите на Обединетите Нации кои посредуваат во решавањето на спорот. „Американската амбасада во Скопје забележува дека последните изјави и постапки на Македонската влада ја потврдуваат
Македонија не може да очекува во таа сфера на политика на нечии интереси, другите држави да ги загрозуваат своите интереси виза ви Грција
посветеноста за изнаоѓање решение“ се вели во соопштението на амбасадата. Експертите сметаат дека меѓународната подршка самата по себе нема да го реши проблемот. Професорот на правниот факултет во Скопје Денко Малевски вели дека светските сили имаат свои интереси кои не можат да ги тргнат настрана во интерес на Македонија:

„Македонија не може да очекува во таа сфера на политика на нечии интереси, другите држави да ги загрозуваат своите интереси виза ви Грција.“

Малевски додава дека за решавање на спорот со Грција потребна е детерминираност, бидејки во спротивно земјата ќе западне во политичка криза:

„Полека Македонија лизга во политичка криза. Треба да бидеме смирени, да не не фати паника, Македонија и македонската политика.“
Тука е проблемот, што таа формулација, не менуваме идентитет, а за името може да преговараме отвори ново поглавје практично, многу чувствително, за кое се преговара. Како се чувствува една нација не е објект на преговори, тоа е колективно чувство


Упатените препорачуваат земјава посериозно да пристапши во преговорите. За сега нема конкретен напредок во овој процес, вели политичкиот аналитичар Мерсел Биљали

„Практично, преговорите се во ќорсокак, но крајно време е сериозно да се пристапи по прашањето, да се види кои се нашите позиции согласно резолуцијата.“

Биљали додава немало потреба од проблематизирање на идентитетот на земјава

„Тука е проблемот, што таа формулација, не менуваме идентитет, а за името може да преговараме отвори ново поглавје практично, многу чувствително, за кое се преговара. Како се чувствува една нација не е објект на преговори, тоа е колективно чувство.“

Инаку од амбасадите во земјава за сега немаат официјален коментар во врска со информациите во медиумите дека Грција води максималистичка политика во преговорите. Неофицијално од дел од дипломатските претставништва велат дека не можат да одговараат на шпекулации во медиумите.
XS
SM
MD
LG