Достапни линкови

Потребен закон за заштита од дискриминација


Скопје - Граѓански марш за толеранција
Скопје - Граѓански марш за толеранција

Според невладините организации, државата минимално се труди да ја промовира толеранцијата помеѓу граѓаните. Тие додаваат, потребна е едукација на граѓаните и закон за заштита од дискриминација

Државата минимално се труди да ја промовира толеранцијата, помеѓу граѓаните велат невладините организации, кои се занимаваат со остварување на човековите права и со развојот на општеството. Според нив треба да се донесе закон за заштита од дискриминација и
Тој концепт да се воведе во образованието, од градинките, до факултетите, децата да учат во образовните институции, а законот да даде поттик како да се однесуваат граѓаните. Ако нешто се санкционира, тоа е начин луѓето да се научат на нешто.
децата во училиштата да започнат да учат за човековите права. Со потишувањето на меѓународните документи државата има обврска да ги почитува, заштити и реализира човековите права и слободи и во таа насока таа треба да донесе закон за дискриминација за да се воспостават механизми со кои ќе се детектира дискриманацијата, со тоа и да се санкционира вели Гордана Несторовска од Хелсиншкиот комитет.

Граѓански марш за толеранција низ улиците на Скопје
„Тој концепт да се воведе во образованието, од градинките, до факултетите, децата да учат во образовните институции, а законот да даде поттик како да се однесуваат граѓаните. Ако нешто се санкционира, тоа е начин луѓето да се научат на нешто.“

Иако државата имаше некои кампањи за промовирање на толеранцијата, тоа не е доволно вели претседателот на Цивил Џабир Дерала. Законот за дискриминација сеуште чека и тој не е усвоен, бидејќи во него влагаат групи, кои се косат со убедувањата на партијата на власт.

„Државата се гледа дека не е подготвена вистински и искрено да пристапи кон својата модерна позиција во однос на општеството и во однос на заедницита. Впрочем, владата не е тука да не одушевува со својата мудрост, туку треба да ни пружи нам на граѓаните да го проживееме животот во општеството на што поубав начин.“
Владата не е тука да не одушевува со својата мудрост, туку треба да ни пружи нам на граѓаните да го проживееме животот во општеството на што поубав начин

Сите категории на луѓе кои спаѓаат во таканеречената ранлива група се дискриминирани во Македонија. Но сепак најзагрозени се граѓаните со различна сексуална ориентација вели Несторовска. Земјава сеуште не е спремна да ги прифати, иако и тие се дел од ова општество вели таа.

„Македонија не е спремна во основите на дискриминацијата да прифати дека имаме луѓе со различна сексуална ориентација. Мислам дека сеуште провејува тоа. Секаде каде што ќе се спроведе сексуална ориентација, антени се будат. Тоа се наши луѓе, тие не крадат, лажат, не вршат проневери. Тие плаќаат даноци на оваа држава.“

Хелсиншкиот комитет и Цивил по повод Меѓународниот ден на толеранцијата денеска организираат граѓански марш на толеранцијата за општество во кое ќе се почитуваат човечките и цивилизациските вредности.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG