Достапни линкови

Јавно извинување до ,,заборавените австралијци,,


Австралискиот премиер Кевин Руд јавно се извини за повеќегодишното злоставување на стотици илјади сиричиња и деца кои од Британија беа испраќани во Австралија. Говорејќи на церемонијата во парламентот во Канбера Руд, изјави дека длабоко жали за болката што им била нанесена на децата и на нивните семејства. Околу 500 илјади деца, познати како ,,заборавени австралијци,, од 1930 до 1970 година беа сместувани во сиротилишта каде што биле физички и сексуално злоставувани. Повеќето од нив потекнувале од сиромашните британски предградија.
XS
SM
MD
LG