Достапни линкови

Кредитни линии за бизнисмените


Фабрика
Фабрика

Сопствениците на мали и средни претпријатија во Куманово можат да аплицираат за кредити по поволни каматни стапки. Средствата се обезбедени од државата преку Европската Инвестициона Банка

Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија активно е вклучена во програмата преку аплицирање на сопствениците на малите и средни претпријатија во Куманово, да добиваат кредит од деловните банки, вели бизинис советникот Димитар Ташевски. Според Ташевски најповеќе внимание се посветува на кредитите кои на банките им ги одобрила Македонска банка за поддршка и развој во вредност од сто милиони евра. Средствата се обезбедени од државата преку Европската инвестициона банка. Поволноста на кредитите е во тоа што каматната стапка е 6 отсто за првата година со тенденција таа да се задржи и во нарендите години, грејспериод од една година и пет години рок за отплата. Во оваа програма се вклучени повеќе банки.
Во тесна корелација сме со банките, така што апелираме до сопствениците на малите и средните претпријатија да се заинтересираат и да се информираат за овие кредити


,,Тука се вклучени Тутунска, Комерцијална, Охридска, Инвестициона, Прокредит и Извозно-кредитната банка. Во тесна корелација сме со банките, така што апелираме до сопствениците на малите и средните претпријатија да се заинтересираат и да се информираат за овие кредити."

Вели Ташевски. Овие кредитни линии се поволни и за земјоделските производители кои постојано се соочуваат со финансиски проблеми,особено кога е сезона на сеидбата,заштита на посевите и обезбедување останати репроматеријали.

,,Земјоделците може да ги користат ИПАРД фондовите. Во тек е примена на две компоненти. Тоа е меѓугранична соработка и рурален развој,односно развој на земјоделието, а во декември ќе излезе огла и за третата компонента.Можеме да им помогнеме на земјоделците,бидејќи за тоа сем обучувани во Р Бугарија и во Р Словенија,токму за овие ИПАРД фондови."

Вели Ташевски, повикувајќи ги претставниците од бизнис секторот да побараат помош од оваа Фондација.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG