Достапни линкови

Почеток на ново сојузништво меѓу САД и Јапонија


Американскиот претседател Барак Обама и јапонскиот премиер Јукио Хатојама денеска во Токио се согласиле да го преиспитаат 50 годишното сојузништво меѓу двете земји. На заедничката прес конференција Хатојама изјави дека е неопходно сојузот да биде адаптиран на новите времиња. Обама од своја страна потенцира дека американско јапонското сојузништво е основа за мирот во Азија. Обама кој е на деветдневна турнеја по Азија утре во Токио ќе одржи говор за американските азиските односи, по што патува за Сингапур на форумот на лидерите на АПЕК. За време на турнејата Обама ќе престојува и во Кина и во Јужна Кореа.
XS
SM
MD
LG