Достапни линкови

Македонија – 20 години по падот на Берлинскиот ѕид


Берлинскиот ѕид
Берлинскиот ѕид

Домино ефектот од падот на Берлинскиот ѕид за Македонија значеше можност за добивање независна држава. Експерите оценуваат дека во транзицијата е срушен моралниот систем на вредности, а не е изграден нов.

Домино ефектот од уривањето на берлинскиот ѕид за Македонија значеше можност да добие независна држава. Започна
Позитивна страна е осамостојувањето на Македонија и ориентацијата кон влезот во ЕУ и НАТО. Но, во тој процес кај нас се забавија и закочија многу работи, пред се во македонско – грчките односи.
процесот на демократизација и прифаќање на западните либерални вредности. Македонија се задржа подолго на транзициониот пат од она што се очекуваше и од патот што го поминаа другите држави зафатени со бранот на промената на системот. Македонија не ги искористи сите можности од процесите кои започнаа со овој настан, вели професорот Лазар Лазаров.

„Позитивна страна е осамостојувањето на Македонија и ориентацијата кон влезот во ЕУ и НАТО. Но, во тој процес кај нас се забавија и закочија многу работи, пред се во македонско – грчките односи.“

Падот на социјализмот ја означи и новата ориентација насочена кон членство во ЕУ и НАТО, пат кој за Македонија денеска е приоритет. Напроти очекувањата дека овој пат како и патот на демократизацијата ќе се изодат многу побрзо овие процеси Македонија ги помибна со многу пречки и недостатоци, во поглед на општествениот, политичкиот но и економскиот развој. Идеите на либералната демократија сеуште се имплемтнираат и тоа е една од најголемите придобивки за Македонија. Сепак бавно се одговараше на предизвиците зошто
Од аспект на културниот систем на вредности, моралниот систем на вредности, мислам дека го срушивме, а не изградивме нов. Ќе ни треба уште долго време да го смениме тој ментален склоп како во однос на минатото, така и во однос на прифаќањето на новите тенденции коишто навлегоа по падот на Берлинскиот ѕид
Македонија како да не покажа капацитет да расчисти до крај со историското наследство, вели професорот Јован Донев. Ќе ни треба можеби уште толку време колку што беше присутен тоталитарниот режим за да се смени менатлитетот и свеста во општеството додава Донев.

„Така што, Македонија од аспект на либерална демократија ги исполнува сите услови дека е либерална и стабилна демократија на која има уште да се работи. Од друга страна, од аспект на културниот систем на вредности, моралниот систем на вредности, мислам дека го срушивме, а не изградивме нов. Ќе ни треба уште долго време да го смениме тој ментален склоп како во однос на минатото, така и во однос на прифаќањето на новите тенденции коишто навлегоа по падот на Берлинскиот ѕид.“

Правотот на глас доби карактеристика на свесно крадење на гласовите и никој нема потреба и храброст на регира на брзо збогатените луѓе од соседтвото. Свеста на луѓето треба сеуште да се гради, вели Донев. Културолошкиот и моралниот систем на либералната демократија којшто требаше да го градиме пропадна во транзицијата, желбата за брзо збогатување и недоволната посветеност на политичките лидери. Ова е следниот и можеби најголемиот предизвик на којшто треба да работи државата, заклучуваат експертите.
XS
SM
MD
LG