Достапни линкови

Косовскиот министер за надворешни работи во Македонија


Во официјална посета на Македонија денеска ќе престојува министерот за надворешни работи на Косово Скендер Хисени, на покана од шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Хисени ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, како и од премиерот Никола Груевски. Со македонските соговорници се очекува да биде потенцирана потребата од регулирање и интензивирање на билатералните односи, а министрите Милошоски и Хисени ќе разговараат и за насоките за развивање на политичката и економска соработка, а ќе разменат мислења и за ситуацијата во регионот.
XS
SM
MD
LG