Достапни линкови

logo-print

Кризата допрва доаѓа во Македонија?


Фабрика за метали

Фабрика за метали

Ниската откупна цена на металите, малата побарувачка и скапата електрична енергија го принудија комбинатот Силмак да престане со работа. Ваквата ситуација негативно ќе влијае врз сите металопреработувачи, а поради тоа може и да се намали извозот, бидејќи овие
Се разбира дека ќе биде негативно, се намалува извозот. Но, уште пострашно, се губат работни места на македонски граѓани. Јас лично стравувам дека вистинските последици од глобалната економска криза допрва следат во Македонија и мислам дека сме многу малку подготвени доколку ова сценарио излезе точно.
фирми се тие кои најмногу ги пласираат своите производи во странство велат дел од експертите. Македонија веќе двојно повеќе остварува увоз, отколку извоз. Цените на металите во последниве шест месеци драстично се зголемија, но побарувачката е сеуште помала во однос на минатата година вели економистот Ден Дончев. Тоа не само што ќе се одрази врз извозот, туку ќе има и нови отпуштања на работници вели тој.

„Се разбира дека ќе биде негативно, се намалува извозот. Но, уште пострашно, се губат работни места на македонски граѓани. Јас лично стравувам дека вистинските последици од глобалната економска криза допрва следат во Македонија и мислам дека сме многу малку подготвени доколку ова сценарио излезе точно.“

Очигледно дека малото подобрување во работата кое го имавме изминативе месеци не ја одразувало вистинската слика и сега повторно се соочуваме со загуби вели Александар Панов од една фирма од металопреработувачката индустрија.

„Цената на пазарот падна и повторно има тренд на паѓање. Она што беше шпекулативно во третиот квартал не беше реална состојба и ние така работиме, свесно со загуби.“

Државата треба повеќе да внимава на што ги троши парите од буџетот и треба да ги намали даноците на фирмите за да можат тие да ја пребродат кризата во која се наоѓаат вели Дончев

„Првиот неопходен чекор е драстично скратување на буџетските расходи и реално намалување на даночните оптеретувања на приватниот сектор, да им се остави простор за дишење.“

Трговскиот дефицит односно разликата помеѓу увозот и извозот изнесува една милијарда и четиристотини илјади долари. Доколку оваа бројка се зголеми тоа според експертите ќе влијае и врз дефицитот на тековната сметка, односно земјава ќе треба уште повеќе да се задолжи и да оди во минус.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG