Достапни линкови

Текстилците бараат заштита


Текстилна фабрика во Прилеп

Текстилна фабрика во Прилеп

Прилепските текстилци бараат воведување царини за кинеската стока. Тие велат дека се наоѓаат во тешка состојба поради светската економска криза.

Зголемување на увозните царини на кинеската стока, бараат прилепските текстилци со цел како што велат да го заштитат сопственото производство. Тврдат дека и натаму се наоѓаат во исклучително тешка состојба, поради негативните реперкусии од светската економска криза.

„Бараме да се заштити домашното производство, кинескиот наплив на ефтина стока, преку барање да се зголемат царинските давачки на увозната кинеска стока, која настапува со дампинг цени, нереално ниски цени. Нашиот сосед Албанија,ги зголеми царините за едно три пати повисоки за увоз на кинеска стока.“

вели Благоја Конески, претседател на групацијата на текстилци при Регионалната стопанска комора.

Текстилците се крајно незадоволни зашто државата не ги прифати нивните предлог-барања за ублажување на последиците од кризата. Тие сега маки мачат да се изборат со неповолната стопанска констелација, зашто сите работат лонг-систем, за странски партнери, кои потпишуваат договори од време на време.

„И најдобрите партнери кои работеа во континуитет преку цела година, оваа година правеа пауза измеѓу сезона.Кризата не погоди кој повеќе, кој помалку. Тоа можам да кажам дека е индивидуално за секој производител.“

Конфекционерите се снаоѓаат како знаат и умеат.

„Имаме информации дека малите фирми скоро да немаат работа, а поголемите некаде 70-80 отсто им се пополнети капацитетите.А, според информациите што ги добиваме од централата на Стопанската комора на Македонија, текстилната индустрија ја очекува стампедо, тоест сите поголеми купувачи заминуваат во азиските земји и во Кина, така да секојдневно се зголемува бројот на отпушени работници.“

вели Ристо Најдоски, секретар на Регионалната стопанска комора во Прилеп.

Во овој безизлез, сопствениците на конфекциите за да се заштитат од банкрот, зашто без работа нивните инвестиции пропаѓаат, размислуваат за сопствено производство кое би го пласирале на домашниот пазар. Инаку во Прилеп, половината од на 20 конфекции неколку пати ги затвораат капацитетите, а бројот на вработените се намали за 1000. Конфекционерите сепак се надеваат на позитивни сигнали од странските долгогодишни партнери.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG