Достапни линкови

Притвор за Тренковски и Огненовска


На поранешните директори на Фондот за здравство Ѓорѓи Тренковски и на „Градска аптека“ Весна Огненовска синоќа им е одреден петнаесетдневен притвор за проневера на средства што Фондот и ги исплаќал на „Градска аптека“ во 2007 година. Тренковски и Огненовска вчера беа приведени, откако Финансиската полиција и Управата за јавни приходи поднесоа кривична пријава против нив за „несовесно работење во службата“ и за „злоупотреба на службена положба и овластување“.
XS
SM
MD
LG