Достапни линкови

Самоубиства меѓу стечајците


Битола

Битола

Поради тешката материјална положба по пропаѓањето на нивните претпријатија, досега во Битола самоубиство извршиле двајца стечајци. Во текот на 18 годишната транзиција во Битола пропаднаа повеќе индустриски капацитети како Пиварницата, Жито Битола, Бетон и други.

Битола е полна со стечајци за кои тешко се наоѓа работа. Не постојат прецизни податоци колку работници останале без работа како жртви на 18 годишната транзиција во која пропаднаа индустриските гиганти Битолатекс, Монтинг, Фринко, Пиварницата, Жито Битола, Бетон и други. Но, се претпоставува дека се работи за стотици лица постари од 50 години кои не ги исполнуваат условите за пензија, а поради возраста нити го побудат интересот кај приватниците да ги ангажираат. Стечајците се жалат дека се доведени на работ на егзистенцијата, а во ваква тешки услови некои од нив кренле раце и на сопствениот живот. Еден се самоубил со пиштол, а друг се обесил.
Ова е втор случај на самоубиство во последните два месеца од поранешен вработен во градежното претпријатие „Бетон“. Претпоставуваме дека двата случаи се поврзани со тешката материјална состојба зашто останавме на улица без коркa леб


,,Ова е втор случај на самоубиство во последните два месеца од поранешен вработен во градежното претпријатие „Бетон“. Претпоставуваме дека двата случаи се поврзани со тешката материјална состојба зашто останавме на улица без корка леб. Двата беа по 56 , 57 години па никој не ги прима на работа. Која ќе одиме ние на оваа возраст да бараме работа ни велат „пензионер не ни треба, туку ни треба млад за работа.“

вели Цветко Михајловски, стечаец од градежното претпијатие „Бетон“.Оваа фирма повеќе од година дена е во стечај, а поранешните вработени не добиле ни денар од стечајната маса. Ги има околу 500 на кои фирмата им должи 15 плати и придонеси.

,,Проблемот со „Бетон“ се уште не е решен и до кога ќе се пролонгира стечајот не знаеме. Досега не ни е исплатен ни денар, а до каде ќе оди овој стечај не знаеме, може и до недоглед. Имотот ни беше одземен со фактури кои од едната страна има опис на предмети кои се одземени, а од другата страна празни се листовите нема потпис кој дал, кој предал.„

обвинува Михајловски.Против поранешните директори на фирмата полицијата имаше поднесено кривични пријави, кои се уште не добиле судска разрешница. Ова не е единствен случај да биде покрената постапка против поранешни менаџери за сторен стопански криминал, но досега никој не легнал во затвор. Повеќето од старите фабрики денес се претворени во руина и наликуваат на сали за снимање хорор филмови. Градот под Пелистер и натаму е меѓу првите во државата по бројот на невработени кој никако да падне под 18 000 лица. Од нив околу 2000 се постари од 45 години, возраст на која работодавачите потешко се одлучуваат да ангажираат работници.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG