Достапни линкови

logo-print

Самит на ЕУ во Брисел


Климатските промени и Лисабонската Спогодба се топ темите за кои ќе разговараат лидерите на Европската Унија на дводневниот самит во Брисел , кој започнува денеска. Европската Комисија препорача ЕУ да одвои 15 милијарди евра на земјите во развој за да се справат со климатските промени.Но членките на ЕУ неможат да се договорат како да ги распределат трошоците. Шведскиот премиер Фредрик Реинфелд, кој преседава со Самитот, изјави дека неможноста земјите да се согласат околу финансиите, може да ја загрози Конференцијата за климата во Копенхаген. Лидерите исто така мора да решат што да и понудат на Чешка за да ја заврши ратификацијата на Лисабонскиот договор.
XS
SM
MD
LG