Достапни линкови

Уапсен синот на првиот пост-советски претседател на Грузија


Синот на првиот грузиски пост- советски претседател Звиад Гамсакурдиа, е уапсен затоа што го застрелал соседот. Претставник на полицијата соопштил дека синот на Гамсакудриа е уапсен, а жртвата била пренесена во болница и се наоѓа во тешка состојба. Полицискиот претставник не кажал кои се мотивите за настанот. Синот на Гамсакудриа и е познат на грузискта полиција, тој во 2008-та беше обвинет дека е шпион на Русија и осуден, но подоцна беше пуштен со кауција. Првиот пост -советски претседател на Грузија е убиен под неразјаснети околности во 1993-та.

XS
SM
MD
LG