Достапни линкови

Млечната криза сеуште трае


Од церемонијата со која се означи стартот на изградбата на фабриката на Сведмилк

Од церемонијата со која се означи стартот на изградбата на фабриката на Сведмилк

И по една година од избувнувањето на аферата Сведмилк, во Македонија не стивнува млечната криза. 1900-тини фармери од пропаднатата шведска млекарница сеуште немаат добиено ниту денар.

И по една година од избувнувањето на аферата Сведмилк, во Македонија не стивнува млечната криза. 1900 фармери од пропаднатата шведска млекарница не добија ни денар од долгот во износ од 4 милиони евра, а останатите млекарници не ја подигнаа ниската откупна цена за литар млеко.

,,Останавме само со лажни ветувања и без пари. Го уништивме сточниот фонд. Дојде да немаме млеко, да немаме месо. Над 60 проценти е уништен сточниот фонд. Значи неисплатено млеко од „Сведмилк“ неисплатени субвенции, од другите млекари со уцени од 8 до 9
Останавме само со лажни ветувања и без пари. Го уништивме сточниот фонд. Дојде да немаме млеко, да немаме месо. Над 60 проценти е уништен сточниот фонд
денари литар млеко. Едена крава дојде на пазар да се продава 80 денари од килограм, а беше 40 денари. Цената се покачи зашто немаме сточен фонд. Се оди за колење, за Албанија и Косово."

"Дури е вакво времето луѓето ги пасат и дома не ги ранат. Оние ситни фармери скрос ќе исчезнат зашто кога ќе падни снегот овој народ со 8 денари не може да купи храна."

се пожалија фармерите Душко Илиевски и Гоце Кантаровски. Министерот за земјоделство Љупчо Димовски вели дека државата не може да помогне околу покачувањето на откупните цени и исплаќањето на долгот зашто се работи за приватни млекарници.

,,Пазарот е основниот критериум за формирање на цената, самата понуда и побарувачка. Државата апсолутно нема никакви ингеренции да влијае врз цената. Не може никому да наложи по која цена ќе го врши откупот."
Државата апсолутно нема никакви ингеренции да влијае врз цената. Не може никому да наложи по која цена ќе го врши откупот


Во меѓувреме околу десетина странски инвеститори ја посетиле „Сведмилк“ која има долг над 35 милиони евра. Од раководството на Здружението на оштетени мелкорпоизводители велат „да не оди во ликвидација, да може да се рестартира, да најдеме купувач кој ќе направи добра реорганизација и да продолжи да работи. Воедно ја пратиме состојбата со стечајниот управник за да ги најдеме сите оние моменти во кој е направен некој престап. Можам да кажам само дека ја спремаме кривичната постапка.“ Досега е утврдено дека во Сведмилк 190 тони млеко останле залихи кои се расипале, дел од откупеното млеко кое било вишок се турвало по канали додека во државата има гладни деца на кои им е неопходно, а дистрибутери подигнале и разнеле млеко во износ од 3 милиони евра, кое никогаш не го платиле. Со тие пари би можел да се исплати повеќе од половината од долгот кон млекарите.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG