Достапни линкови

Визната либерализација на дофат


Граѓани чекаат во ред за поднесување барање за виза
Граѓани чекаат во ред за поднесување барање за виза

Во македонското МНР велат дека не очекуваат поместување на терминот за визна либерализација за Македонија. Според најавите, на први декември европските министри за правда и внатрешни работи треба да ја усвојат одлуката, а од први јануари граѓаните би можеле да патуваат слободно.

Подддршката од Комитетот за внатрешни работи на Европскиот парламент за укинување на визите за Македонија, Црна Гора и Србија е уште еден „голем плус“ за земјава пред европските министри за внатрешни работи и правда на Унијата да ја донесат финалната одлука за симнуање на визниот режим. Први Декември, е датум кога и дефинитивно и ќе се знае дали од 1-ви Јануари 2010 година, македонските граѓани ќе можат слободно да патуаат низ земјите од Шенген зоната. Сите досегашни информации говорат дека визните бариери ќе бидат отстранети токму од предвидениот датум, со што сликата со редиците граѓани пред дипломтско конзуларни
Се запазува предвидената динамика за усвојување на правниот предлог на ЕК. Сите наши досегашни информации, вклучително и од Шведското претседателство со ЕУ, говорат дека оваа предвидена динамика на текот на правната процедура на ЕУ ќе биде запазена
преставништва ќе станат минато. Но, не би требало да биде никакво изненадување ако поради одредени процедури усвојувањето на конечната одлука се помести за некој месец.

,,Се запазува предвидената динамика за усвојување на правниот предлог на ЕК. Сите наши досегашни информации, вклучително и од Шведското претседателство со ЕУ, говорат дека оваа предвидена динамика на текот на правната процедура на ЕУ ќе биде запазена."

изјави за Слободна Европа Агнеза Руси, од Министерството за надворешни работи.

,,Визната либерализација не значи овозможување на работење во странство, но во секој случај значи полесно патување, а за албанците ова е многу битен момент."

Оценува, Алберт Муслиу аналитичар. Доколку се донесе одлука за укинување на визите за Македонија, сите членки на ЕУ ќе бидат обврзани да ја почитуваат истата, вклучувајќи ги тука и соседите земји:

,,Во сите земји членки на ЕУ, со исклучок на Велика Британија и Ирска кои не се членки на шенген зоната, а исто така и од земјите членки Бугарија и Романија кои сеуште не се полноправни членки на шенген зоната, меѓутоа се обврзани со шенгенското законодавство."

Вели Агнеза Руси. Иако граѓаните од следната година ќе се ослободат од визните бариери, странските државјани од 128 земји во светот ќе треба и понатаму да вадат македонска виза ако сакаат да престајуваат во државава.

,,Националниот визен информативен систем функционира со софистицирана опрема, современ софтвер кој овозможува брзо и ефикасно процесуирање на барањето на визи."

кажа Рамадан Назифи, директор за конзуларни работи при МНР.
XS
SM
MD
LG