Достапни линкови

Хилари Клинтон во Татарстан


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска ќе ја посети руската република Татарстан со што го завршува нејзиниот прв престој во Русија откако ја презеде таа функција. Се очекува Клинтон да одговора на прашања на граѓаните на главниот град Казан. Клинтон во Москва разговараше со претседателот Дмитри Медведев и со шефот на дипломатијата Сергеј Лавров за можните санкции доколку Иран не се откаже од својата нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG