Достапни линкови

Нови консултации Чешка - ЕУ за Лисабонскиот Договор


Чешкиот премиер Јан Фишер денеска во Брисел ќе има состанок со претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо, посветен на наоѓање начин да се убеди претседателот на Чешка Вацлав Клаус да го потпише Лисабонскиот Договор. Клаус испорача нови барања за да го потпише договорот, а во меѓувреме тој уште еднаш е оспорен и пред чешкиот Уставен Суд. Премиерот Фишер вчера изјави дека нервоза во Европа не предизвикуваат толку барањата на Клаус, колку што несигурноста дали се тоа последните условувања од Чешка или ќе има нови.
XS
SM
MD
LG