Достапни линкови

Недостастува комуникација меѓу пратениците и новинарите


Зградата на Собранието на РМ

Зградата на Собранието на РМ

Има недостиг на комуникација помеѓу Собранието и медиумите, ова го заклучија новинарите и пратениците, кои присуствуваа на тркалезната маса, која ја организираше Вестминстер Фондацијата за демократија и Високата школа за новинарство и односи со јавност.

Има недостиг на комуникација помеѓу Собранието и медиумите, ова го заклучија новинарите и пратениците, кои присуствуваа на тркалезната маса, која ја организираше Вестминстер Фондацијата за демократија и Високата школа за новинарство и односи со јавност. Целта е да се создаде подобра врска помеѓу нив, бидејќи според истражувањето на Институтот скоро 50 проценти од граѓаните се изјасниле дека не се запознаени со работата на Собранието. Во проектот ги вклучивме и двете страни, бидејќи само така ќе се подобрат нивните односи, вели Емил Атанасовски од Фондацијата.

,,Очигледно беше дека и од страната на пратениците има потреба да дознаат повеќе за начинот на кој што функционираат новинарите, на начинот на кој што ги пренесуваат информациите, но има потреба и од страна на новинарите да се запознаат со начинот на комуникација со пратениците."

Средбата и дебатата на новинарите и пратениците само покажа дека се потребни уште разговори на оваа тема, вели Владимир Мисев од
Очигледно беше дека и од страната на пратениците има потреба да дознаат повеќе за начинот на кој што функционираат новинарите, на начинот на кој што ги пренесуваат информациите, но има потреба и од страна на новинарите да се запознаат со начинот на комуникација со пратениците.
Високата школа

,,Видовме дека не се само пратениците, туку делумно и новинарите се егоцентрични и ваквата дебата секогаш ги демистифицира и ги разголува и двете појави и дека само здрава комуникација меѓу овие два субјекти може да вроди со плод, битен за демократијата во Македонија."

Новинарката Катерина Цаневска Арсовска вели дека Собранието е отворено за соработка само кога тие имаат корист.

,,Од се што се случува во Собранието, добиваме информации буквално за она што сакаат пратениците да го соопштат, дури и начинот на однесување, начинот на движење во Собранието, каде смеат, а каде не, новинарите да бидат, покажува дека Собранието на некој начин се сака да се затвори за новинарите, или како што реков да ни пласира селектирани информации."

Додека пак пратеничката Силвана Бонева смета дека е потребно посуштинско известување од страна на новинарите.

,,Подлабок и поаналитичен пристап кон темите што се обработуваат, не потрага по сензационализими или презентирање на одредени кавги во Собранието, туку да се извлече од тоа што се случува во Собранието, тоа што е добро да се презентира пред граѓаните на Македонија."
Вестминстер Фондацијата планира во иднина да организира и модули и работилници за новинарите и пратениците, за што поголем напредок во нивната соработка.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG