Достапни линкови

Барозо:После ирското ДА, на ред се Чешка и Полска.


Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, рече дека после усвојувањето на Лисабонскиот договор на реферндумот во Ирска, на ред се Чешка и Полска да се согласат со усвојување на актот . Барозо изјавил дека го очекува чешкиот и полскиот претседател да ги потпишат договорите, претходно ратификувани од нивните парламенти.Чешкиот претседател Вацлав Клаус , изјави дека го почитува ирското гласање, но одби да каже дали тој ќе го потпиште договорот. Според Барозо , тоа што Чешка и Полска го одлагаат потпишувањето на договорот, може да предизвика задоцнување на постапката за избор на нова Европска Комисија. Лисабонскиот договор ќе стапи на сила , веднаш штом ќе бидат поднесени сите ратификации, односно откако договорот ќе го усвојат сите 27 земји челнки.
XS
SM
MD
LG