Достапни линкови

Хрватска ги продолжува преговорите за влез во ЕУ


Хрватска денеска ги продолжува преговорите со Европската Унија по речиси една година пауза поради блокадата на Словенија околу граничниот спор меѓу двете земји. Делегацијата на меѓувладината конференција за пристапување на Хрватска во Европската Унија во Брисел ја предводи шефот на хрватската дипломатија Гордан Јандроковиќ. По состанокот Јандроковиќ, шефот на шведската дипломатија Карл Билт и евро- комесарот за проширување Оли Рен ќе одржат заедничка пресс конференција.
XS
SM
MD
LG