Достапни линкови

Уапсен Роман Полански


Швајцарската полиција го уапси познатиот филмски режисер Роман Полански, соопштуваат организаторите на Циришкиот филмски фестивал. Тој пристигна во Швајцарија за да ја прими наградата за животно дело на фестивалот во Цирих. Организаторите на фестивалот велат дека Полански е уапсен поради американската потерница распишана пред 31 година. САД го бараат Полански од 1978 година поради секс со 13-годишно девојче.
Роман Полански француски државјанин, роден во Полска. Едни од неговите најпознати филмови се Розмариното бебе од 1968 година и Пијанистот од 2002 година
XS
SM
MD
LG