Достапни линкови

Конечни резултати во Авганистан - Карзаи победува


Првичните целосни резултати од авганистанските претседателски избори покажуваат дека актуелниот претседател Хамид Карзаи, со освоени 54,6 отсто од гласовите, е многу блиску до реизбор на функцијата.
Според резултатите што ги објави Независната изборна комисија, главниот противкандидат на Карзаи, Абдула Абдула освоил околу 28 отсто од гласовите.
На избори излегле 39 отсто од регистрираните гласачи, или 5,9 милиони луѓе.
Сепак, резултатите не се конечни додека не бидат одобрени од посебната Комисија за изборни жалби.


XS
SM
MD
LG