Достапни линкови

Ахмадинеџад ги отфрла заканите за можни санкции


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ги отфрла американските закани за можни санкции за увоз на бензин. Ахмадинеџад вели дека иранската нафтена индустрија може да го надмине ваквиот предизвик. Тој го повикува Министерството за нафта да ја зголеми ефикасноста на рафинериите во насока на задоволување на домашната побарувачка на бензин.
Американските политичари го притискаат претседателот Барак Обама да воведе санкции за извоз на нафта во Иран.
Иран е втор најголем извозник на нафта во ОПЕК, но увезува 40 отсто од домашната потрошувачка на безнин, поради недостиг од рафинерии.
XS
SM
MD
LG