Достапни линкови

Процесот на лустрација не влева оптимизам


Скопје

Скопје

Експертите не гледаат со оптимизам на стартот на процесот на лустрација, откако веќе и покрај сите опструкции, законот беше донесен, а Комисијата е формирана. Законот за лустрација ги опфаѓа само носителите на јавните функции.

Ако се земат предвид сите опструкции кои дојдоа од широк спектар граѓани здруженија и политички групации, носењето и изготвувањето на законот, формирањето на комисијата и одложувањето на целиот процес, како и првите изјави кои ги даде комисијата за лустрација, кај експертите отпочнувањето на процесот на лустрација не влева многу оптимизам дека тој ќе ја исполни целта.

„Ние сме единствена држава од Источна Европа, каде што опструкцијата на целиот процес на лустрација доаѓа од многу чудни категории, неочекувани
Ние сме единствена држава од Источна Европа, каде што опструкцијата на целиот процес на лустрација доаѓа од многу чудни категории, неочекувани категории на луѓе
категории на луѓе.“

Вели професорот Звонимир Јанкуловски. Комисијата за лустрација уште на самиот старт си ги врзува рацете занимавајќи се со тоа каде се досијеата прашање кое се решава во од, додава Јанкуловски.

„Се работи за служби кои биле доста педантни кои воделе сметка за досиеата, ќе се види низ времето кога досиета исчезнале од Архивите, и врз основа на тоа ќе се постапува, сепак има закони кои го утврдуваат ова. Но, сепак задачата на Комисија не е да се занимава со тоа туку да ги утврдува фактите.“

За професорот Осман Кадриу она што му застанува на патот на успешно завршен процес на лустрација во Македонија е постапката и пристапот кои за него се многу сложени како и анализирањето на првичните изјави на членовите на комисијата за лустрација кои според него навестуваат субјективен пристап. Пред се за него е спорна најавата на комисијата дека таа ќе бара во досиејата дали има потпишана изјава за соработка со тајните служби.

„Битно, суштествено е дали конкретните лица соработувале или не? А како бил односот меѓу тие лица и службите е потполно ирелевантно.„

Вели Кадриу.
Законот за лустрација ги опфаѓа само носителите на јавните функции. Се водеа долги дискусии околу тоа дали тука треба да бидат опфатени и новинарите и претставниците варските заедници но тие сепак останаа изземени од процесот.

„Тоа мислам е чин кој новинарите треба сами, законот ја дава можноста, што значи може да го направат тоа. Зошто не би го направиле? Сепак свештените лица се надвор од системот на врешење најавни функции. Да бидеме реални.“

Објаснува Јанкуловски кој беше и еден од креаторите на законот.
Во Македонија не е направен дисконтинуитет и сеуште не сме добиле одговор дали претходниот систем бил демократски или не а на тоа прашање мораме да добиеме одговор за да биде успешна лустрацијата, вели Јанкуловски. Во тој случај историчарите треба да дадат одговор зошто ако бил демократски тогаш лустрацијата не би била ни потребна.
XS
SM
MD
LG