Достапни линкови

60 години од првата советска атомска бомба


Жителите на Казахстан ја одбележуваат 60-годишнината од тестирањето на првата советска атомска бомба, со положување на венци во спомен на жртвите на радијација во регионот.
Првата советска атомска бомба била тестирана на 29 август 1949 година близу до Семипалатинск. Од тогаш, до затворањето на полигонот во 1991 година, биле тестирани околу 500 атомски бомби.
Луѓето во регионот пријавиле илјадници случаи на рак, невролошки болести, и деца родени со аномалии по што советските власти наредиле евакуација на жителите.
XS
SM
MD
LG