Достапни линкови

Турција ќе ги помирува Ирак и Сирија


Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу, в понеделник, ќе ги посети Сирија и Ирак во обид да ги подобри односите меѓу овие две земји.
Односите меѓу Сирија и Ирак се влошија, откако Багдад ги обвини властите во Дамаск дека ги засолнуваат лидерите кои стојат зад неодамнешните бомбашки напади во Ирак, во кои загинаа стотина луѓе. Изминатава недела, затегнатите односи меѓу двете земји резултираа со отповикување на амбасадорите.

XS
SM
MD
LG