Достапни линкови

Холбрук со критики до Карази за изборите?


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и американскиот пратеник за Авганистан и Пакистан Ричард Холбрук имале тензичен состанок веднаш по завршувањето на изборите во минатата недела, јавуваат агенциите, повикувајќи се официјални извори во Вашингтон. Холбрук бил загрижен поради неправилностите на изборите и поради тоа што претседателските кандидати, меѓу нив и Карзаи, предвремено се прогласиле за победници. Затоа, како што се додава, Холбрук ја разгледувал и можноста за втор круг избори меѓу Карзаи и неговиот ривал Абдула. Конечните резултати се очекуваат кон средината на идниот месец.
XS
SM
MD
LG