Достапни линкови

Кратење на непродуктивното трошење за спас на економијата


Скопје - Изградба на нов објект покрај кејот

Скопје - Изградба на нов објект покрај кејот

Економските експерти посочуваат дека со ребалансот на Буџетот, може да се надомести падот на индустриското производство, само доколку се скратат одредени расходи. Тие порачуваат дека задолжувањето на Владата со скапи пари за непродуктивни трошоци, не и оди во прилог на економијата.

Падот на индустриското производство може да се санира со ребалансот на Буџетот само доколку се скратат непродуктивните расходи, тврдат експертите. Државниот завод за статистика вчера сооппшти дека индустриското производство во јули е за речиси 20 проценти пониско од истиот период лани, а вицепремиерот Зоран Ставревски на прес конференција изјави дека падот на производството ќе се земе предвид при изработката на ребалансот. Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи вели дека ребалансот на Буџетот може да надомести за падот на индустриското производство, само доколку се скратат одредени расходи.

„Значи само во таа насока, имајќи во предвид дека кај нас падот на индустриското производство е поголемо и поради тоа оние приходи кои што државата може да ги планира од самите претпријатија се пониски, значи она што може да го направи државата е да ги скрати
Имајќи во предвид дека кај нас падот на индустриското производство е поголемо и поради тоа оние приходи кои што државата може да ги планира од самите претпријатија се пониски, значи она што може да го направи државата е да ги скрати расходите, само во таа насока може да и помогне на државата
расходите, само во таа насока може да и помогне на државата.“

Вицепремиерот Ставревски вчера посочи дека за прв пат годинава приходите во народната каса се поголеми од расходите. Хаџимустафа вели дека во услови на намалено индустриско производство нереално е да се очекуваат поголеми приходи во Буџетот, бидејки бројот на даночни обврзници се намалува:

„Така да ако голем број на луѓе не работат, односно ако одреден број на луѓе не работат, значи дека од нив не ќе може да наплатите даноци, исто така и претпријатијата со својата намалена активност повторно ќе плаќаат помалку даноци и автоматски значи самите приходи во буџетот ќе бидат намалени.“

Професорот Ванчо Узунов, во неделното интервју за Радио Слободна Европа, вели дека при ребалансот на буџетот треба да се намали трошењето на скапи пари кои Македонија ги има обезбедено со задолжување:

„Се прават ребаланси, еве втор ребаланс ќе се прави, а кратењето не е ни толку колку што требаше со првиот да се направи. За да се покрие тој недостаток на пари Владата се задолжува што на домашен или светски пазар, што значи дека кога кризата ќе помине и кога на оваа економија ќе и тргне, ние уште година, две, три ќе треба да го враќаме тоа што сега ќе ,,го изедеме“ повеќе од што треба.“

Узунов додава дека посебно проблематични во следниве неколку години ќе бидат непродуктивните трошоци:

„Барем да беа овие кредити ставени во некои инфраструктурни објекти или во некои дејности кои што ќе значат во моментот или долгорочно подобрување на економската состојба на Македонија, па човек и да се согласи со таквата политика. Меѓутоа трошење за непродуктивни цели, како што троши Владата, на позајмени, скапи пари, е апсолутно не прифатливо.“

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG