Достапни линкови

ОН бараат од Авганистан да дозволи известувања за изборни насилства


Обединетите нации денеска побараа од Авганистан да ја тргне забраната за известување за изборни насилства.
Претседателот на Здружението на новинари на Авганистан Рахимулах Самандер изјави дека авганистанските гласачи имаат право да бидат информирани за опасностите со кои може да се соочат на гласачките места. Тој рече дека забраната е противуставна и оти новинарите нема да ја почитуваат.
Портпаролот на министерството за надворешни работи на Авганистан Ахмад Захир Факири денеска рече дека, ако ја прекршат забраната, локалните агенции ќе бидат затворени, а странските новинари ќе бидат протерани од земјата.

XS
SM
MD
LG