Достапни линкови

Дополнителни американски војници во Авганистан?


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека Соединетите држави би можело да испратат дополнителни сили во Авганистан. Тој додаде дека конечната одлука за тоа ќе се знае откако ќе биде добиен извештајот од командантот на американските сили во Авганистан Стенли Мекристал за ситуацијата во таа земја. Извештајот се очекува по претседателските избори закажани за 20 овој месец. Претседателот Барак Обама веќе нареди распоредување дополнителни 21 илјади војници во Авганистан со што нивниот број ќе изнесува 68 илјади. Бројот на американските војници во Ирак е 132 илјади.
XS
SM
MD
LG