Достапни линкови

Ујгурите ги оплакуваат загинатите сонародници


Неколку стотини Ујгури се собраа во џамија во казахтанскиот град Алмати да ги оплакуваат оние што загинаа во судирите, во соседната кинеска провинција Ксинџијанг, минатиот месец. Некои од водачите на средбата, која беше одобрена од градските власти, повикаа на независност на Ксинџијанг.
Судирите меѓу Ујгурите и Хан Кинезите во главниот град на провинцијата, Урумачи, на почетокот на јули се најголемите меѓуетнички немири во последните неколку децении.
Во Казахстан е најголемата ујгурска заедница надвор од Кина.

XS
SM
MD
LG