Достапни линкови

logo-print

Белград и Приштина се против размена на територии


Прешево

Прешево

Србија и Косово ја отфрлаат идејата за размена на територии, според која, Србија ќе го добие Северот на Косово, а Косово долината на Прешево на југот на Србија. Ваквата идеја неодамна ја изнесе американскиот конгресмен, републиканецот Ден Рорабакер како едно од решенијата за стабилизирање на Балканот.

И Косово и југот на Србија се српски територии и за таков предлог воопшто не треба да се разговара, вели помошник министерот за Косово Звонимир Стевиќ:

,,Веројатно кај поединци, особено кај, условно да кажам, меѓународните моќници постојат такви идеи, но сакам да ја потврдам српската официјална политика дека Косово е составен дел на Србија,,
Апсолутно мислам дека KOsovo таа тема за некаква размена на територии и оти она што лесно може да се црта на карта, секогаш на теренот се одвивало со трагични настани и крвопролевање...

Вели Стевиќ. Претставници на албанците од јужна Србија не се единствени во врска со ваквата можност. Пратеникот во српското собрание од коалицијата на албанците во Прешево Риза Халими вели дека тоа би било контрапродуктивно.

,,Апсолутно мислам дека таа тема за некаква размена на територии и оти она што лесно може да се црта на карта, секогаш на теренот се одвивало со трагични настани и крвопролевање.,,

За разлика од него претседателот на општина Прешево Рагми Мустафа не ја исклучува таквата можност:

,,Во моментот кога двете соседни држави меѓусебно ќе се признаат, секако дека ќе постои и можност за спогодба околу размена на територии.,,

И аналитичарот Душан Јаниќ смета дека овој предлог, со поинакво име, би можело да се најде на маса, но откако случајот Косово ќе заврши во Меѓурадниот суд на правдата.

,,Значи не е спорно дека ќе биде признато правото на самоопределување на албанците, што значи дека од друга страна ќе биде потврден и нарушениот српски територијален интегритет.,,

Тоа, според Јаниќ, ќе го наметне прашањето за одредување нови граници. Идејата за размена на територии е неприфатлива и за косовските институции, но и за косовските срби.
Регионот на Балканот има посебна историја и национален состав, така што оваа идеја е погрешна, бидејќи со тоа ќе се создаде штетен домино ефект...

,,Регионот на Балканот има посебна историја и национален состав, така што оваа идеја е погрешна бидејќи со тоа ќе се создаде штетен домино ефект.,,

Оценува Џавит Беќири, портпарол на претседателот Фатмир Сејдиу. И за владата на Косово размената на територии не претставува опција:

,,Предлогот на Рорабакер е негов личен став, а не официјален американски став. Тој не е ни во согласност со ставот на владата.,,

вели портпаролот Мемли Красниќи. Еден од лидерите на србите на северот на Косово Милан Ивановиќ оценува дека станува збор за непрафатлива идеја, бидејќи размената се однесува за една иста држава.

,,Мислам дека тоа не е добар предлог. Ни Србија ни србите нема да менуваат свое за свое.,,

Политичкиот аналитичар Дритон Лајчи смета дека предлогот не и одговара на ниту една страна: ни на Србија, ни на Косово, ни на големите сили кои го поддржаа независно Косово:

,,Оваа идеја беше интересна во моментот кога престана да постои СФРЈ, пред да се случат војните за да се избегне крвопролевањето. Сега тоа е застарена идеја.,,

Смета аналитичарот Лајчи.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG