Достапни линкови

Србија демантира дека ќе прифати затвореници од Гвантанамо


Српската Влада не ја разгледувала можноста затвореници од Гвантанамо да бидат префрлени во Србија, изјави шефот на владината канцеларија за медиуми Миливој Михајловиќ. Тој додаде дека написите се дезинформација, тврдејќи дека воопшто не постои таква можност. Весникот Данас претходно објави дека Амбасадата на Србија во Вашингтон упатила предлог до САД затворениците осомничени за тероризам од затворот Гвантанамо во Куба да бидат префрлени во посебното одделение на Казнено-поправниот затвор Забела во Пожаревац.
XS
SM
MD
LG