Достапни линкови

Туристите ја одминуваат Македонија


Скопје

Скопје

Странците сеуште ја заобиколуваат Македонија, како туристичка дестинација. Туристичките работници вината ја лоцираат во незаинтересираноста и немањето стратегија за привлекување туристи.

Странците сеуште ја заобиколуваат Македонија, како туристичка дестинација. Туристичките работници вината ја лоцираат кај незаинтересираноста на земјата да привлече туристи. Туристите не одминаа за време на летните олимписки игри во Грција, минатогодишното европско првенство во ракомет, помина без голема помпа, а по се изгледа дека ќе ја пропуштиме и шансата посетителите што ќе дојдат да го гледаат фудбалскиот нетпревар Македонија-Шпанија кој ќе се одигра утре, да го запознаат убавините на земјава. За странците единствено се подготвени кафулињата и рестораните. Нивната понуда се состои во ладно пиво и вкусна храна, но и со видеобимови за оние кои не успеале да си набават карта.
Кај нас конгресите ги прават сами, семинарите ги прават сами. Сите се туристички агенции, сите се превозници


„Гостите, едни навиваат за едниот клуб, други за другиот клуб.“

Мануел Атанасовски, сопственик на кафуле.
Тој додава дека оваа година бројот на странци бил помал за разлика од минатите години. Туризмот, денеска зазема се' позначајно место во економијата на секоја земја.Секоја земја има своја туристичка понуда и преку неа во силната светска туристичка конкуренција, се обидува да освои што поголем број потенцијални туристи, но во Македонија не важи тоа правила, објаснува Миле Спировски, претседател на здружението на туристички агенции.

„Многу едноставно е во светот сето тоа направено. Карневалот во Венеција, сега да дојдете во Македонија во било која туристичка агенција ќе видите топ понуди од агенциите. Кај нас конгресите ги прават сами, семинарите ги прават сами. Сите се туристички
Навистина голем број од туриститите ги земаат, посебно тие патни карти и оние обележани места кои им се важни за да ги видат
агенции, сите се превозници.“

Со оглед на тоа дека станува збор за пријалетски натпревар, од Шпанија не се очекуваат многу гости. Од ФФМ соопштуваат дека ќе пристигнат 60 луѓе кои ја сочинуваат целокупната екипа, и уште 45 претставници на медиумите.

„Нивна агенција си организира. Тие се организираат, тие си плаќаат, сега нивниот тренер може да им направи една прошетка низ парк.“

Вели портпаролот на ФФМ, Зоран Николовски.
Од МВР соопштуваат дека во наредните три дена ќе ги обезбедуваат, стадионот, местото каде ќе биде сместена странската репрезентација и поважните сообраќајници. Македонија прави големи напори и вложува средства за пропаганда и афирмирање на своите туристички капацитети, вели Зоран Стрезовски, од Агенцијата за подршка и развој на туризмот.

„Навистина голем број од туриститите ги земаат, посебно тие патни карти и оние обележани места кои им се важни за да ги видат.“

Амбиција на секоја земја е, преку туризмот да привлече што поголем број странски туристи.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG