Достапни линкови

logo-print

Руска активистка за човекови права киднапирана во Чеченија


Активистка на руската невладина организација „ Да ја спасиме генерацијата„ е киднапирана во Чеченија, јавуваат странските агенции. Според кажувањата на претставниците на невладиниот сектор, активистката била грабната од своето работно место од група непознати луѓе. Пред еден месец во Чеченија беше киднапирана уште една активистка за човекови права. Неколку часа подоцна беше пронајдена мртва. Невладината организација чиј член беше таа, го обвини чеченскиот претседател дека тој стои зад убиството.
XS
SM
MD
LG