Достапни линкови

Деветмина загинати во пожар во Белгија


Девет луѓе загинале, а тројца други биле потешко повредени во пожарот што синоќа избувнал во еден дом за стари лица во белгиското место Мел што се наоѓа на 50 километри западно од Брисел. Во моментот на избувнувањето на пожарот во домот имало 90 луѓе. Пожарникарите велат дека до пожарот дошло поради технички причини.
XS
SM
MD
LG