Достапни линкови

Руското барања за ембарго за оружје кон Грузија е несоодветно


Руското барања за ембарго за оружје кон Грузија е несоодветно, изјави висок функционер на американскиот Стејт департмент, за Радио Слободна Европа.
Претходно, портпаролот на руското министерство за надворешни работи Андреј Нестаренко рече дека воената подршка ги наведува грузиските власти да мислат дека можат „да ги решат проблемите со воени средства“.
Помошник државниот секретар задолжен за Европа и Евроазија Фил Гордон, во интервју за Радио Слободна Европа рече дека, сега, САД не и продава оружје на Грузија.
„Навистина не е руска работа дали и како ќе се брани Грузија. Но, во исто време, не сакаме да видиме воена ескалација во тој регион“, рече Гордон.
XS
SM
MD
LG