Достапни линкови

logo-print

Венецуела ќе купува руски тенкови


Претседателот на Венецуела Уго Чавез изјави дека планира купување на десетина руски тенкови, бидејќи земјата се чувствува загрозено поради планот за зголемување на американското воено присуство во соседната Колумбија. Венецуела и Русија во изминатите неколку години потпишаа спогодби во врска со набавки на оружје, вредни повеќе од 4 милијарди долари. Властите во Колумбија,пак, порачале дека Венецуела не би требало да се грижи заради тоа што Соединетите Држави ќе ги користат воените бази во таа земја.
XS
SM
MD
LG