Достапни линкови

Референдум во Нигер


Во подсахарската африканска држава Нигер денеска се одржува референдум за новиот Устав, кој би му овозможил на претседателот Мамду Танџа да остане на власт и по истекот на вториот претседателски мандат.
Седумдесетиедногодишниот Танџа го закажа референдумот, и покрај бројните критики од опозицијата и од меѓународната заедница.
Африканската унија, Обединетите нации, како и економската заедница на западна Африка се обидоа да го убедат претседателот да не распишува референдум.

XS
SM
MD
LG