Достапни линкови

logo-print

Пакистанските христијани ги затвораат училиштата во знак на протест


Пакистанските христијани ги затвораат нивните училишта ширум земјата, на три дена почнувајќи денеска, во знак на протест против убивањето на членови на нивната заедница од муслимани.
Илјадници радикални муслимани ги нападнаа христијаните во сабота, во градот Гојра во источен Пакистан, како реакција на гласините дека некои христијани го сквернавеле Коранот. Шест христијани умреа во пожарите што ги потпалија муслиманските радикали, а двајца беа застрелани, додека, според извештаите, полицијата направила малку за да ги спречи нападите.
XS
SM
MD
LG