Достапни линкови

Франција е загрижена поради руско-грузиските тензии


Франција изрази „загриженост“ поради зголемувањето на напнатоста околу грузиските сепаратистички територии, кои се под руска заштита, по воената интервенција пред една година.
Грузиските власти, вчера ја обвинија Русија дека ја поместува границата меѓу Русија и Јужна Осетија и дека зазема делови од грузиска територија. Русија, пак, во саботата предупреди, дека ако Грузија продолжи со „провокациите“ на Кавказот, тие ќе ги употребат сите расположиви средства.
XS
SM
MD
LG